Бесплатен превоз за концертот на Караванот на слободата во Велес

Post Image

Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Кавадарци, Неготино и Градско за големиот мултимедијален настан во Велес утре, 5 август, можат да се пријават на 02/5209176 или на [email protected]

Автобусот од Неготино поаѓа во 17.20 часот од паркингот кај градскиот плоштад, од Кавадарци во 18 часот од паркингот пред УЈП, а од Градско во 18.45 часот од паркингот пред „Жито-маркет“.

Leaflet 01 Veles 02 MK(1)Автобусот со патниците се враќа на истите локации по завршувањето на велешкиот дел од програмата на Караванот на слободата, околу полноќ.

На вечерната програма на Караванот на слободата во Велес се Бени и Нон Стоп, Лазар Ставрoв (The Gandhies) и Ле Ман. На големата сцена во Амфитеатарот во Велес се и поетско-сценски перформанси на Александра Спасеска, Ивана Смилевска, Љубомир Михајловски и Самоил Стојановски. Во исто време, ќе се одржи и уметничка работилница со Мирослав Стојановиќ.

Пријавувањето за бесплатен превоз до Велес и назад трае.

Биди слободен и пријави се!