Караванот на слободата – дел од АКТО фестивалот во Битола

Post Image

Со учество на дебата на тема „Како треба да ги оправдаат средствата граѓанските организации ?“, Караванот на слободата организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, во неделата (14-ти август) беше дел од единаесеттото  издание на фестивалот за современи уметности АКТО во Битола. На дебатата учестуваше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој како претставник на Караванот на слободата зборуваше за довербата како клучен момент за успешна работа на една организација. 

13925765_1176505225703580_8481956679388899601_o

„Најважно за соработката на една организација е таа да соработува со своите конституенти и да ја гради довербата кај граѓанките и граѓаните. Само така може да се постигне суштинска и изворна соработка меѓу организациите, ако тие се поврзани со граѓанските интереси, потреби и стремежи. Тие треба заеднички да ги градат вредностите и да ги спроведуваат своите акции, заедно со луѓето од соседствата. Таквите организации природно соработуваат“, истакна Дерала.

На дебатата учествуваа и Душко Груевски од здружението на граѓани „За нас се работи“ од Битола,  Христина Тодоровска – Петровска од ИНКА, организација која го организира фестивалот „ДримОн“ во Струга и Филип Јовановски, еден од организаторите на АКТО.

13995641_1176504369036999_6276822093369253531_o

„Ако нема резултати од работата и се се сведува на тоа да се поделат парите меѓу организаторите, а настаните да немаат никаков одѕив во јавноста, тогаш – нема поента. Треба да се поддржуваат тие фестивали кои што имаат добар фидбек. Само оној хонорар кој си го добил за завршена работа е вреден хонорар. Значајно е да се направи нешто, но уште позначајно е да има некаков повратен ефект. Во спротивно, користењето на средствата од фондови се сведува на ‘колење цело прасе за една плескавица’“,  рече Груевски.

13913659_1176503999037036_4750694596176832857_o

Според Тодоровска – Петровска, „градењето на критичка свест кај младите е позначајно од тоа да ги пребројуваме гостите. За мене позитивен фидбек е ако видам некој кој бил волонтер на нашиот фестивал, по неколку години, да се изгради како личност преку тие искуства“.

13988232_1176505755703527_8483858001750295324_o

„Сите треба да бидат соодветно платени. Бидејќи ставот дека креативноста и ентузијазмот се уништуваат кога се работи за пари е погрешен. Напротив, непрофесионалното работење ги уништува идеите“, смета Јовановски.

28389019383_df2d9f34b1_z

Караванот на слободата, е активен учесник на АКТО, кој ова година ќе се одржи и во Скопје, Штип и Тетово. АКТО е организиран од Здружението за култура и уметност „ФРУ – Факултет за работи што не се учат“, а е поддржан од УСАИД.