Караванот на слободата во тиквешкиот и пелагонискиот регион

Post Image

Во четврток, на 18-ти август, Караванот на слободата ќе ги посети општините Демир Капија, Неготино, Долнени, Кривогаштани, Прилеп, Битола и Кавадарци и населеното место Дебреште. Мултимедијалниот настан започнува во 12:00 часот на плоштадот во Кавадарци со прес-конференција за локалните медиуми. Потоа, Караванот ќе се упати во соседните општини, Неготино, Долнени, Дебреште, Кривогаштани и Прилеп, каде активисти на Караванот ќе ги презентираат претстојните настани и нивниот распоред. Оттаму, Караванот ќе продолжи кон Битола, каде во текот на денот и вечерта ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18:00 часот. 

Leaflet Kabadarci 01

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува кон акциите за помош на настраданите од поплавите во земјата.На сите инфо-штандови, кои на 18-ти и 19-ти август, ќе ги посетат општините Демир Капија, Неготино, Долнени, Кривогаштани, Прилеп, Битола и Кавадарци, ќе бидат поставени и кутии за донации за настраданите од поплавите, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена.

Од овие општини ќе биде обезбеден и бесплатен превоз за големиот мултимедијален настан во Кавадарци што ќе се одржи во петок на 19-ти август. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, актерски и поетски перформанси и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, динамичен мултимедијален проект организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од УСАИД, кој ја користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свест и граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.