Тетовчани уживаа во звуците на слободата

Post Image

Караванот на слободата го одржа четвртиот голем мултимедијален настан во Тетово на 26-ти август. Тричасовниот концерт го отворија  Бени и Нон стоп, а по нив настапија домаќините Мухамед Ибраими и К’пурдат. Концертот заврши со настапот на Пеце од Суперхикс кој беше приружуван од Петрит Сарачини.

14068263_1812744775607536_7293754805488058545_n

Во звуците на музиката на слободата уживаа неколку стотици тетовчани, кои од почетокот до крајот на концертот, со песна, танц и голем аплауз, ги поздравуваа сите што вечерта беа задолжени за нивна забава.

14102490_1812744302274250_5369030055962337386_n

На дебатата „Македонија: со или без слобода“ со која започна мултимедијалниот настан учествуваа Кристина Озимец, новинар-истражувач во веб-порталот Нова ТВ, Петар Младеновски од бендот „Суперхикс“ и граѓанскиот активист и политиколог Артан Садику. Дебатата ја водеше Петрит Сарачини, координатор на проктот Караван на слободата.

Покрај музичарите, на големата сцена настапија актери и поети, а во текот на целиот настан се одвиваше и ликовната работилница и изложба „Слобода во боја“. Караванот продолжи и со хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во Скопје.

14045699_1812743752274305_4283742978758278810_n

Поетите кои се претставија пред тетовчан(к)и беа Гент Мемети, Садије Алити и Маријана Гугоски.

Во текот целиот хепенинг активна беше и уметничката работилница „Слобода во боја“, која ја водеше академскиот сликар Мирослав Стојановиќ и уметниците Славчо Максимовски и Јакуп Амети.

14051698_1812743522274328_688526246866548979_n

Хепенингот во Тетово е четвртиот од вкупно девет мултимедијални настани кои Караванот на слободата ќе ги одржи во седум општини низ земјата. Целта на Караванот е преку влијанието на уметноста да се разбуди граѓанската свест и да се поттикне граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво.