ВИДЕО: Уметничка работилница и изложба „Слобода во боја“ во Струмица

Уметничката работилница и изложбата „Слобода во боја“ како дел од мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Струмица, беа посветени и на настраданите во поплавените подрачја во скопскиот регион. Работилницата ја водеше академскиот сликар Мирослав Стојановиќ, а посетителите имаа можност активно да учествуваат со создавање на свое дело на тема слобода.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, динамичен мултимедијален проект организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од УСАИД, кој ја користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свест и граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.