ВИДЕО: Концертот на Караванот на слободата во Тетово достапен на Јутјуб

Post Image

Концертот на Караванот на слободата кој се одржа во Тетово на 26 август донесе одлични настапи на повеќе музички групи и атрактивни видео записи. Тие се достапни на YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слобода

14124946_1812743612274319_5073612682537030391_o

Ги објавуваме настапите на К’пурдат, Мухамед Ибраими, Пеце (Суперхикс) и Бени и Нон Стоп, со цел да им овозможиме на сите љубители на добрата музика да ја почувствуваат извонредната атмосфера од музичкиот дел на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Тетово.

ЦИВИЛ ќе ги објави видео записите од сите концерти, поетски перформанси, работилници и дебати на Караванот на слободата, кој од почетокот на август до крајот на септември годинава ја крстосува Македонија, промовирајќи ги човековите права и слободи и активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.