Флеш моб: Ослободете се!

Post Image

Ослободете се! – порачаа активистите на ЦИВИЛ, денеска на плоштадот во Скопје, најавувајќи на креативен начин, преку флеш моб, големиот мултимедијален настан на 1 октомври на Караванот на слободата.

Флеш мобот ги изненади случајните минувачи кои позитивно реагираа на идејата со која настапија младите активисти ограничувајќи им го слободното движење.

IMG_5280

Со флаери и покана да бидат дел од големиот настан во сабота, активистите им ги презентираа активностите кои се во тек во подготвката на мултимедијалниот хепенинг на Караванот на слободата.

Денеска на креативен и иновативен начин младите порачаа, а ние пренесуваме: Бидете слободни!