Караванот на слободата ја започна промоцијата на скопскиот мултимедијален настан

Post Image

Караванот на слободата од денес започна со активностите за промоција на големиот мултимедијален настан кој ќе се одржи на 1-ви октомври во Скопје. ЦИВИЛ – Центар за слобода постави инфо-штанд на улица „Македонија“ каде неколку часа граѓан(к)ите на Скопје можеа да се информираат за програмата на настанот и за целите на Карванот.
14409681_1066863646765437_2758839801751209313_o

Минувачинте имаа можност да уживаат и во ди-џеј сетовите на CIVIL Art Crew, како и да учествуваат на фото и видео петицијата. Слични вакви, помали и поголеми настани, ќе се одржуваат секој ден, до сабота, низ повеќе скопски општини.

 

Караванот на слободата до сега одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип. Концертот во Скопје е завршниот настан на овој проект, поддржан од УСАИД.