Повик за активизам, соработка и приклучување кон тимовите на ЦИВИЛ

Post Image

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува своите членови, поддржувачи и граѓански  активисти, граѓанките и граѓаните да бидат дел од Караванот на слободата. Секој ден се организираат активности со кои ја претставуваме мултимедијалната програма на Караванот на слободата кој ќе се одржи в сабота, на Сквер Јадран (хотел Јадран), со почеток во 20 часот.

Но, до саботниот спектакл имаме уште три дена. Приклучете се на тимовите на ЦИВИЛ кои секојдневно се во контакт со граѓанките и граѓаните на ЦИВИЛ, заедно слушаат музика, споделуваат информации, се фотографираат  и снимаат за ФБ петициите за слободата, учествуваат во флеш-моб точките и низа други активности. Како и секогаш, ЦИВИЛ е отворен за соработка и сугестии за уште повеќе активности.

Активистките и активистите кои ќе се вклучат во Караванот на слободата ќе добијат можност да дадат свој придонес во ширење на пораките за слободата и за промоција на програмата на Караванот на слободата.

Сите што сакаат да говориме, сликаме и пееме за слободата можат да ни се приклучат и да бидат дел од нашиот Караван на слободата со порака на ФБ, на мејл или по телефон.

И, бидете слободни!

IMG_4929

Контакти и дополнителни информации:

www.facebook.com/civil.mk

[email protected]

[email protected]

Тел: 02/520 9176

Повеќе информации за Караванот на слободата: www.freedom.mk

Научете повеќе за состојбата на човековите права и слободи, за политичките настани и за изборниот процес на www.civil.org.mk

Пополнете ја Изјавата за поддршка на ЦИВИЛ со што се квалификувате да станете дел од набљудувачките и другите тимови на организацијата.

И, се разбира, лајкнете ја ФБ страната на ЦИВИЛ за да бидете информирани за сите наши активности.

ЦИВИЛ на Твитер е @CivilMacedonia.