Стартува скопската недела на Караванот на слободата

Post Image

На платото пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, денес, во 14 часот, ЦИВИЛ ќе го најави големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата кој ќе се одржи овој петок (1 октомври). На инфо-штандот покрај информативен материјал, ќе има фото-петиција и диџеј-сетови на CIVIL Art Crew.

14379774_1826437307571616_5500727433102709578_o

На големиот завршен настан на Караванот,  ќе настапат Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова. Покрај музичките настапи, настанот ќе донесе и многу поетски перформанси, видео – проекции, како и ликовна изложба и работилница на отворено.

Караванот на слободата во изминатите три месеци одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип. Освен тоа, овој патувачки фестивал посети над 40 општини низ земјата и одржа десетина помали настани, на кои ги информираше граѓанките и граѓаните за неговите активности и цели.

Целта на Караванот е преку влијанието на уметноста да ја разбуди граѓанската свест за учество во донесувањето одлуки на локално и национално ниво.