Уметниците порачуваат: можеме да ја смениме реалноста!

Уметниците, кои учествуваа на петиот мултимедијален настан во Куманово, ја пренесоа својата позитивна енергија и слободарски дух во разговорите кои ги направивме пред и за време на концертот.

Со нив зборувавме за тоа што претставува слободата, колку уметниците во Македонија се општествено активни и одговорни, колку треба да жртвуваат за слободата и кои се нивните пораки за Караванот

Поетесата Марија Јовановска смета дека на уметниците им недостасува храброст да излезат и да го искажат своето мислење. За поетот Арсим Јонузи слобода е да немаш страв да си тоа што си. Бјондина Шерифи, поетеса, вели дека за неа слободата е да го правиш она што го сакаш во својата земја, било да е тоа нечиј сон, дејство или нешто што сака некој да го каже, и дека граѓаните треба уште поактивно да се вклучат во вакви настани и активности. Уметницата Магдалена Саздовска смета дека само уметниците можат да го сменат светот на реалноста.