Бени и Нон Стоп со жесток настап на концертот во Скопје

По отворањето на големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата во Скопје на 1 октомври со настапот на Кристина Арнаудова, на сцената на Јадран сквер настапија Бени и Нон Стоп, кои ја вжештија до усвитување атмосферата и ја разиграа публиката. Свирката на еден од најпопуларните македонски состави, кој на сцената донесе комбинација на своите популарни хитови со хитови на други изведувачи  не остави никого рамнодушен.

Последниот од низата концерти кои Караванот на слободата ги одржа изминатиов период. Настанот во Скопје, на кои настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста за кој уште долго ќе се зборува. Во продолжение следи дел од атмосферата за време на настапот на Бени и Нон Стоп.

Инаку, во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани во земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.