Спектакуларно шоу на Тони Зен во Скопје

Енергичната слободарска атмосфера на последниот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата на сквер Јадран во Скопје дополнително се вжешти за време на настапот на популарниот хип-хоп артист Тони Зен, овој пат, придружуван со одличен бенд. Нивната квалитетна изведба и пораките испратени преку ангажираните текстови предизвикаа бурни емоции и реакции и не ги оставија рамнодушни многубројните посетители.

Концертот во Скопје беше последниот од низата концерти, кои Караванот на слободата ги одржа во изминатиов летен период. Овој мултимедијален настан, на кој настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници, беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста, за кој уште долго ќе се зборува.

Во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани низ земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.