Фестивал на живите статуи и останатите

Овој петок и сабота, на 28 и 29 април во Скопје, се одржува несекојдневен фестивалски спектакл на живи статуи – „Урбан Фест“, во организација на „Театроск“ – продукција за улична уметност од Скопје. Во двата фестивалски дена, артисти од речиси цела Европа, кои се веќе со години успешни и докажани на светско ниво во областа на уметноста на живите статуи, ангажирани преку целата година на најразлични фестивали.

Во разговор со организаторите на Урбан фест, откриваме дел од деталите на програмата и целите на овој настан.Војо Цветановски, познат актер и пантомимичар, воедно еден од „моторите“ на овој најнов фестивал на скопската сцена, се надева дека тој ќе прерасне во традиција.

ЦИВИЛ Медиа: Која е идејата за фестивалот?

Цветановски: Идејата зад Урбан Фест е да се направи еден настан, поинаков настан, нешто што досега го немало во Скопје. Сакаме во Скопје да го донесеме она што се случува во светот. Да му покажеме на Скопје дека има еден многу поинаков начин на живот и дека ние како граѓани на оваа земја треба да почнеме малку поинаку да размислуваме за тоа што значи улична уметност и како истата треба да ја почитуваме.

Уличната уметност е првиот крик на критиката кон еден социјален живот, кон еден политички општествен живот, критиката кон она како живее еден народ и директен контакт со сите оние што се засегнати за тоа каков живот живееме ние денеска дали во Скопје, во Белград, во Загреб, Виена…

За музичкиот дел од програмата зборуваме со Марко Марковиќ, музичар, кој вели дека музичката програма на фестивалот ќе биде ставена во функција на главниот дел од програмата, со цел што повеќе луѓе да ги видат живите статуи кои за прв пат доаѓаат во нашиот град.

ЦИВИЛ Медиа: Покрај артисти од Германија, од Португалија, Холандија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина фестивалот има и музички дел, која е музичката програма на фестивалот?

Марковиќ: Бендовите кои ќе настапат на Урбан Фест се Летечки Пекинезери и Фолтин. Ќе има и дџ-сетови на Бугимен, Шурбе и Оги и Маци. Тоа ќе биде една градска урабана приказна, градски ликови кои што сметаме дека ќе остават еден убав белег и дека тоа ќе биде еден добар настан.

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов