Стефановски: Треба да се олесни животот на музичарите!

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски има низа конкретни предлози што ги адресира до Министерството за култура. На трибината на тема „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“ што синоќа се одржи во Џебното кино на Младинскиот културен центар, тој побара реформираното Министерство да има повеќе слух за проектите од урбаната музичка култура. Continue reading

Алаѓозовски: „Да обезбедиме културна демократија во Македонија!“

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски најави нова стратегија за развој на културата и нов акциски план, на трибината на тема „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, што синоќа се одржи во Џебното кино на Младинскиот културен центар. Continue reading

Политичарите се плашат од слободарскиот дух на рокенролот!

„Сметам дека рокенролот е маргинализирана уметност ако не и целосно игнорирана во последните 15-тина години, а се работи за многу сериозен фактор во културата, со потенцијал на слободарски дух, од којшто политичарите сфатија дека треба да се плашат да не се ослободи, па ни пуштаа магла цело време за минатото, за да не ја гледаат сегашноста и иднината!“. Со овие зборови, Тошо Филиповски, како еден од организаторите, ја отвори трибината „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, вчера во Џебното кино во МКЦ. Continue reading

„Јас сум Григор Прличе“ на Агрон Биба повторно во Скопје

Post Image

Утревечер (сабота, 27 мај) во Клубот на новинарите во Скопје, со почеток во 19 часот, актерот и режисер Агрон Биба ќе ја одигра монодрамата „Јас сум Григор Прличе“. Монодрамата е напишана од самиот актер, охриѓанец, кој преку ликот на Григор Прличев ги портретира неговите лични доживувања и моменти на интроспекција, во време кога поминува низ тежок период во животот, соочувајќи се со невработеност и борба за опстанок. Continue reading

Шесто издание на WatchOut фестивалот во Тетово

Post Image

WatchOut, филмски фестивал под отворено небо, во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“, со поддршка на Гете Институтот од Скопје, денеска започнува со шестото издание во Тетово. Continue reading

ГОНГ, Хрватска: Отпор, движење, промени…

Post Image

Во тек е регионалната мултимедијална изложба „Отпор, движење, промени: Фрагменти од уметничките и активистичките практики од крајот на осумдесеттите до денес“ во Загреб, Република Хрватска. Continue reading

Хелоу, новинари!

Вчерашното доделување на наградите на Здружението на новинарите  на Македонија и отворањето на Клубот на новинарите протече во навистина весела атмосфера. По свечениот дел, настанот го збогатија и настапите на Пеце Суперхикс и Амон Мра со нивните бендови, кои освен одличната свирка, им пружија и многу забава и хумор на присутните. Continue reading

Независниот македонски театар во меѓународен поход

Актерот Перо Арсовски и режисерката Нина Николиќ, продолжуваат да жнеат успеси со својата независна театарска продукција и претставата „Разговор во четири очи“, поставена според драмскиот текст на Ингмар Бергман. Тие утре заминуваат на две гостувања, во Белград, Србија и на меѓународен фестивал во Русија. Одличен повод за разговор со овие наши истакнати уметници, кои ни откриваат детали за нивните последни ангажмани. Continue reading

„Бибер“ – раскази за помирувањето и наследството од војните

Post Image

Регионалниот конкурс за краток расказ „Бибер“, годинава се распишува по вторпат. Темата на конкурсот повторно е помирување, во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001. Continue reading