„Нашата Фукушима“ – изложба за зближување на народите и културите

Post Image

„Нашата Фукушима“, проект кој има за цел зближување на народите и културите, како дел од глобалниот „Гоњоши арт проект“ што обединува повеќе од 400 уметници од целиот свет, ја најави својата последна изложба од серијалот интернационални групни изложби, која ќе се одржи од 20-ти до 30-ти јануари во Центарот за култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Continue reading

Повик за активизам, соработка и приклучување кон тимовите на ЦИВИЛ

Post Image

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува своите членови, поддржувачи и граѓански  активисти, граѓанките и граѓаните да бидат дел од Караванот на слободата. Секој ден се организираат активности со кои ја претставуваме мултимедијалната програма на Караванот на слободата кој ќе се одржи в сабота, на Сквер Јадран (хотел Јадран), со почеток во 20 часот. Continue reading

Тетово: Уметноста не може без слободата!

Низ боите на слободата, уметниците од Тетово, Јакуп Амети и Славчо Максимовски, предводени од академскиот сликар, Мирослав Стојановиќ – Шуки,на отворен простор ја покажаа својата креативност и умешност. Continue reading

Петар Младеновски, музичар: Бидете слободни, не дозволувајте да ви го уништат животот!

Петар Младеновски е фронтмен на „Суперхикс“, еден од најпопуларните македонски бендови во последниве две децении не само во земјава туку и во регионот, познати по своите социјално ангажирани текстови кои зборуваат за состојбите во општеството. Continue reading

Караванот на слободата – дел од АКТО фестивалот во Битола

Post Image

Со учество на дебата на тема „Како треба да ги оправдаат средствата граѓанските организации ?“, Караванот на слободата организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, во неделата (14-ти август) беше дел од единаесеттото  издание на фестивалот за современи уметности АКТО во Битола. На дебатата учестуваше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој како претставник на Караванот на слободата зборуваше за довербата како клучен момент за успешна работа на една организација.  Continue reading

Музика, бои и стихови на слободата во Струмица

Post Image

Караванот на слободата пристигнува во Струмица со голем мултимедијален настан денеска. Во Градскиот парк, кај Споменикот на револуцијата, со почеток во 15 часот ќе се одржат работилници на познати визуелни уметници, како и работилници за граѓанско новинарство, поетски перформанси и голем концерт до нешто пред полноќ.  Continue reading

За мене слободата е…

Активистите на невладината организација „Сонце“ Имрија Беќири, Шенал Јакупи и Шенај Рустеми од Тетово на промовирањето на Караванот на слободата во Тетово, преку видео изјава ги изразија своите мисли за тоа што за нив претставува слободата. Continue reading