„Јас сум Григор Прличе“ на Агрон Биба повторно во Скопје

Post Image

Утревечер (сабота, 27 мај) во Клубот на новинарите во Скопје, со почеток во 19 часот, актерот и режисер Агрон Биба ќе ја одигра монодрамата „Јас сум Григор Прличе“. Монодрамата е напишана од самиот актер, охриѓанец, кој преку ликот на Григор Прличев ги портретира неговите лични доживувања и моменти на интроспекција, во време кога поминува низ тежок период во животот, соочувајќи се со невработеност и борба за опстанок. Continue reading

Шесто издание на WatchOut фестивалот во Тетово

Post Image

WatchOut, филмски фестивал под отворено небо, во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“, со поддршка на Гете Институтот од Скопје, денеска започнува со шестото издание во Тетово. Continue reading

Пренџова: Стихови за родовата рамноправност и за освестување на жените!

Македонија годинава за првпат ќе учествува на Меѓународниот саем на книгата во Варшава, Полска, што ќе се одржи од 17 до 21 мај. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, на македонскиот штанд ќе изложи околу 300 изданија од областа на книжевноста, културата и уметноста, избрани публикации од капиталните издавачки проекти „135 тома македонска книжевност“ (во оригинал и на англиски јазик) и антологии на македонската книжевност, преведени на шест странски јазици (руски, француски, германски, шпански, кинески и арапски). Continue reading

Фестивал на живите статуи и останатите

Овој петок и сабота, на 28 и 29 април во Скопје, се одржува несекојдневен фестивалски спектакл на живи статуи – „Урбан Фест“, во организација на „Театроск“ – продукција за улична уметност од Скопје. Во двата фестивалски дена, артисти од речиси цела Европа, кои се веќе со години успешни и докажани на светско ниво во областа на уметноста на живите статуи, ангажирани преку целата година на најразлични фестивали.

Во разговор со организаторите на Урбан фест, откриваме дел од деталите на програмата и целите на овој настан.Војо Цветановски, познат актер и пантомимичар, воедно еден од „моторите“ на овој најнов фестивал на скопската сцена, се надева дека тој ќе прерасне во традиција. Continue reading