CLOSE

Blog Grid

Awesome blog grid

Стефановски: Треба да се олесни животот на музичарите!

јуни, 7Вести

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски има низа конкретни предлози што ги адресира до Министерството за култура. На трибината на тема „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“ што синоќа се одржи во Џебното кино на Младинскиот културен центар, тој побара реформираното Министерство да има повеќе слух за проектите од урбаната музичка култура. Continue reading

Алаѓозовски: „Да обезбедиме културна демократија во Македонија!“

јуни, 7Вести

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски најави нова стратегија за развој на културата и нов акциски план, на трибината на тема „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, што синоќа се одржи во Џебното кино на Младинскиот културен центар. Continue reading

Политичарите се плашат од слободарскиот дух на рокенролот!

јуни, 7Вести

„Сметам дека рокенролот е маргинализирана уметност ако не и целосно игнорирана во последните 15-тина години, а се работи за многу сериозен фактор во културата, со потенцијал на слободарски дух, од којшто политичарите сфатија дека треба да се плашат да не се ослободи, па ни пуштаа магла цело време за минатото, за да не ја гледаат сегашноста и иднината!“. Со овие зборови, Тошо Филиповски, како еден од организаторите, ја отвори трибината „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, вчера во Џебното кино во МКЦ. Continue reading

Post Image

Заложби за културна ренесанса, со рок против турбо-фолк!

јуни, 5Вести

Rock’n’Roll-от како soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија е темата на денешната трибина што ќе се одржи во џебното кино на Младинскиот културен центар, со почеток од 17 часот. Организатор на настанот е Центар за архивирање на македонската музика. Continue reading

Post Image

„Јас сум Григор Прличе“ на Агрон Биба повторно во Скопје

мај, 26Вести

Утревечер (сабота, 27 мај) во Клубот на новинарите во Скопје, со почеток во 19 часот, актерот и режисер Агрон Биба ќе ја одигра монодрамата „Јас сум Григор Прличе“. Монодрамата е напишана од самиот актер, охриѓанец, кој преку ликот на Григор Прличев ги портретира неговите лични доживувања и моменти на интроспекција, во време кога поминува низ тежок период во животот, соочувајќи се со невработеност и борба за опстанок. Continue reading

CLOSE
Chill The Funkle Gods In Other People Chillstep part two Matt Corby - Brother (Kygo Remix) Dream Away (Instrumental)