Учесник на изложбите „Плоштад Фотографика“, „Денови на Македонска Фотографија“, „Урбан Пејсаж“, „Хуманоста за Јоце не познава граници“, „Микро Изложба“, “Инстаграмџии“, како и креативни групни и самостојни проекти во Македонија и надвор од неа. Во 2009г таа е добитник на награда во младинската категорија на Деновите на Македонската Фотографија, а во 2012г. таа добива прва награда за фотографија на тема „Скопје од мој агол“. Во  2013г. таа е дел од „Fearful visions“ проектот во Берлин со своја фото-поставка. За време на нејзините студии во Нотингам (2013-2014) по филм, телевизија и екранска индустрија, таа станува фотограф за „The New Theater“ при Нотингам Универзитетот и нејзини фотографии се појавуваат во тамошното списание „Impact“.