Родена е на 28. јануари 1979 година во Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала на Институтот за македонска книжевност во Скопје. Работи во библиотеката „Благој Мучето“ во Струмица. Василевска-Трајчевска е автор на збирките поезија „Неоткриена земја“ (1997), „Коприви“ (Матица македонска, 2008), „Тихување на сончогледите“ (Макавеј, 2016), на монодрамата „Зад решетките“ и на научниот труд „Празнување на Проштени поклади (Прочка) во Струмица и Струмичко“ (Матица македонска, 2013). Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Клубот на жени писатели на ДПМ. Четирикратен победник е во уметничко рецитирање на ФААТ во Кочани.