Петар Младеновски е роден во Скопје на 18.07.1977 година. Фронтмен е на една од најпопуларните музички групи во Македонија и пошироко во регионот, Суперхикс, која ја оснива далечната 1994-та година и во истата дејствува како вокалист и басист. До сега со Суперхикс има 6 изданија од кои 4 студиски албуми, еден концертен и албумот со најдобрите песни и синглови на Суперхикс “Д Бест оф 20“. Во моментов Суперхикс го подготвуваат својот 5-ти студиски албум.Со Суперхикс е добитник на бројни награди како Сингл на годината, Албум на годината, Група на годината и многу други а воедно бил дел од преку 20-ина европски турнеи на истата и учествувал на најголемите фестивали во регионот и пошироко како: Зигет Фестивал, ЕКСИТ, Ин Мјузик Фестивал, Праг Рок Фестивал, Ходоквас, Трутнов Опен Еир итн. Бил уредник и водител во Лајф Радио Скопје во периодот 2002-2005та година, автор и водител на неколку ТВ шоу-а а во моментов е уредник и водител на својата авторска радио емисија ПЕЦЕТЕКА. Го менаџирал и клубот Кастро во Скопје во периодот од 2006-2011та, a претседател е на невладиното здружение на граѓани за културна мотивација КУЛТИ-ВАТОР од Скопје со кое има одработено бројни проекти и концерти.