Стринг форсес е една од најспецифничните македонски групи настанати во средината на деведесетите години на минатиот век. До сега во својата работа имаат имаат четири студиска албума: Reductio ad Absurdum [2009], Свиленкаст пат [2006], Изохронија [2002], String Forces [1999]), 20 годишна активна присатност на македонската музичка сцена со повеќе големи хитови,  како: Каде бегаш, Келари шарени, Суб, Води ме, Еден здив, Јас сум ти како и последниот Причина-предумисла, инаку официјален сингл-најава за нивниот нов, петти по ред, студиски албум. Главната нишка на изразот на Стринг форсес е еклектичен спој на повеќе музички изрази, со нагласок на живиот настап и звукот создаден со жичени инструменти кои не секогаш се специфични за етаблираните и популарни музички форми. Сето ова денес со себе носи дефинираност на звук и израз по која публиката ги препознава и почитува.

Во периодот од издавањето на последниот албум, во 2011 година Стринг форсес прославија 15 години од својот прв настап со два распродадени настапа во скопскиот Клуб МКЦ. Во истиот период започната е и самостојна продукција на документарен филм за своето делување, кој што ќе ја има својата премиера во рамките на поголемото одбележување на дваесет годишнината на групата во 2015 година. Во тек е и работата на материјалот кој што ќе се најде на нивниот петти студиски албум кој што е во план да биде промовиран во текот на октомври-ноември 2016 и за кој се веќе промовирани сингловите Причина-предумисла, Ние сме и Тишина.