Политичарите се плашат од слободарскиот дух на рокенролот!

„Сметам дека рокенролот е маргинализирана уметност ако не и целосно игнорирана во последните 15-тина години, а се работи за многу сериозен фактор во културата, со потенцијал на слободарски дух, од којшто политичарите сфатија дека треба да се плашат да не се ослободи, па ни пуштаа магла цело време за минатото, за да не ја гледаат сегашноста и иднината!“. Со овие зборови, Тошо Филиповски, како еден од организаторите, ја отвори трибината „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, вчера во Џебното кино во МКЦ. Continue reading

Дерала: Уметниците имаат општествена одговорност да зборуваат за слободата!

„Уметниците имаат општествена одговорност да зборуваат и да творат за слободата и преку влијанието на уметноста да ја разбудат граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво“, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на денешната прес-конференција, на која го најави финалниот, спектакуларен мултимедијален настан на Караванот на слободата што ќе се оддржи во сабота на 1-ви октомври, на скверот Јадран (кај „Арапска куќа“) во Скопје. Continue reading

Дерала експлодираше во Куманово!

На мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Куманово, кој се одржа на 2 септември, меѓу поетите кои настапија на големата сцена, свој перформанс имаше и Џабир Дерала. Во продолжение е видеото од неговиот експлозивен настап кој ја воодушеви кумановската публика.  Continue reading