Кристина Арнаудова ја понесе публиката на скопскиот концерт на Караванот на слободата

Настапот на Кристина Арнаудова ја разгоре атмосферата на завршниот спектакуларен концерт на Караванот на слободата, кој се одржа минатата сабота, на 1 октомври во Скопје.

Нејзината спонтаност и комуникцијата со публиката ја разбранува позитивната енергија уште на самиот почеток на целовечерниот спектакл на Јадран сквер, на кој настапија повеќе популарни бендови, поети и визуелни уметници од земјава. Во продолжение е видео записот од нејзиниот перформанс. Continue reading

Жесток финиш на Караванот на слободата во Скопје

Post Image

Спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во сабота, 1 октомври, на Јадран Сквер со концерт на Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова.  Continue reading

Кристина Арнаудова, музичарка: Секој има право на свој став!

Кристина Арнаудова е поп-пејачка и авторка, која е присутна на големите концертни и фестивалски сцени во земјава речиси две децении. Се опишува себе си како перфекционист, дисциплиниран работник и човек со принципи, од кои тешко отстапува. Таа е уметница, која е свесна за својата улога во општеството како јавна личност и токму од тие причини инсистира јавно да ги сподели своите ставови, особено нагласувајќи ги нештата со кои не се согласува.

По повод нејзиниот настап на Караванот на слободата на завршниот концерт во Скопје, на 1 октомври, со неа зборуваме за уметноста, слободата и влијанието на уметниците во општеството. Continue reading