Магдалена Саздовска, уметница: Уметноста го менува светот!

Магдалена Саздовска е млада, талентирана уметница од Куманово, магистер по сликарство, која работи како ликовен педагог. Досега учествувала на повеќе ликовни колонии и групни изложби во земјата и во странство. На Караванот на слободата во Куманово учествуваше во уметничката работилница „Слобода во боја“. Со неа разговаравме на тема уметноста и слободата Continue reading

Марија Јовановска, поетеса: За слобода треба храброст!

Марија Јовановска е млада и талентирана поетеса од Куманово. Твори од својата тринаесетта година, и учествувала на повеќе поетски настани во земјава. По нејзиниот настап на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Куманово, на кој ја воодушеви публиката и измами аплаузи од своите сограѓани, разговаравме за уметноста и слободата. Continue reading

Арсим Јонузи, поет: Слободата значи да немаш страв!

Арсим Јонузи е поет, автор на две книги, збирка поезија и збирка на есеи. До сега учествувал на повеќе различни манифестации и поетски конкурси. По неговиот настап на големиот мултимедијален хепенинг, на Караванот на слободата во Куманово со него зборувавме за слободата и уметноста. Continue reading

ВИДЕО: Концертот на Караванот на слободата во Куманово достапен на Јутјуб

Концертот на Караванот на слободата во Куманово, кој се одржа на 2 септември, донесе одлични настапи на повеќе музички групи и атрактивни видео записи. Тие се достапни на YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слободаContinue reading

Караванот на слободата со благодарност до градоначалниците – домаќини

Post Image

Музичарите, уметниците и интелектуалците на Караванот на слободата со своите пораки за човековите права и слободи допреа до илјадници граѓанки и граѓани на своето патешествие низ Република Македонија.

Активностите на Караванот започнаа со гостувањата на фестивалите Д-Фест во Дојран, ДримОн во Струмица и АКТО во Битола, а самиот Караван на слободата ја промовираше својата програма и пораките на 21 јули. Continue reading

Дерала експлодираше во Куманово!

На мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Куманово, кој се одржа на 2 септември, меѓу поетите кои настапија на големата сцена, свој перформанс имаше и Џабир Дерала. Во продолжение е видеото од неговиот експлозивен настап кој ја воодушеви кумановската публика.  Continue reading

Уметниците порачуваат: можеме да ја смениме реалноста!

Уметниците, кои учествуваа на петиот мултимедијален настан во Куманово, ја пренесоа својата позитивна енергија и слободарски дух во разговорите кои ги направивме пред и за време на концертот.

Со нив зборувавме за тоа што претставува слободата, колку уметниците во Македонија се општествено активни и одговорни, колку треба да жртвуваат за слободата и кои се нивните пораки за КараванотContinue reading

Слободата татнеше во Куманово

Post Image

„Добро вечер Куманово! Кога ќе се соберат повеќе луѓе од различни, национални, религиозни, полови определби на едно место да уживаат во моментот и во музиката – е тоа е слобода!“ – извика Тони Зен, кралот на рапот, како што го најавија неговите колеги од Шутка Рома Рап, го започна својот енергичен настап, а она што се случуваше на плоштадот во Куманово беше само потврда на неговите зборови. Continue reading

Дебата на слободата во Куманово

Post Image

Уметничкото творештво низ песната на поетот, на пејачот и ликовната творба на сликарот примарно ја артикулира уметничката, а потоа општествената потреба за слобода. Цензурата во Македонија е евидентна, но одговорноста на уметниците и интелектуалците доаѓа до израз токму во вакви времиња.  Continue reading

Пеце „Суперхикс“, Тони Зен, „Бла Бла Бла…“ и „Шутка Рома Рап“ вечерва со звуци на слободата во Куманово

Post Image

На големата сцена на Градскиот плоштад во Куманово, вечерва во 20 часот ќе започне петиот мултимедијален хепенинг на Караванот на слободата, на кој ќе настапат Пеце „Суперхикс“, Тони Зен, „Бла Бла Бла…“ и „Шутка Рома Рап“. Покрај музиката на слободата на сцената ќе настапат и поетите Елена Пренџова, Бјондина Шерифи, Марија Јовановска, Арсим Јонузи и Митко Гогов. Continue reading