Солидарност: Музичарите со концерт за колегите кои ја изгубија опремата во пожар

Post Image

Иницијативата Friends2Friends (Пријателите за пријателите), со поддршка на граѓанската иницијатива Мрдни со прст / Lëviz me gisht , огранизира хуманитарен концерт за поддршка на музичарите, на кои неодамна им изгоре студиото и музичката опрема во зградата на „Макотекс“ во Скопје. Continue reading

Експлозивни рифови и стихови – Мугер Фугер го кренаа Јадран сквер на нозе!

Мугер Фугер – момците кои се препознатливи по испреплетувањето на повеќе музички жанрови во своите песни приредија незаборавна забава на скопскиот концерт на Караванот на слободата кој се одржа на 1 октомври. Преку нивниот енергичен настап тие потврдија дека човековата слобода им е подеднакво важна колку и слободата на нивниот музички израз. Во продолжение следува видео запис како дел од незаборавната журка која и ја приредија на скопската публика. Continue reading

Спектакуларен маратонски концерт на слободата!

Post Image

Кога ќе застанеш на сцената и ќе погледнеш – кон исполнетиот простор и преполните улички кои водат кон неа, кога ќе видиш насмеани луѓе, ќе чуеш џагор на повеќе јазици, млади и возрасни како здружено пеат и танцуваат во ритамот на слободата, знаеш дека целта е постигната.

Continue reading

Жесток финиш на Караванот на слободата во Скопје

Post Image

Спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во сабота, 1 октомври, на Јадран Сквер со концерт на Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова.  Continue reading

Сеад Хаџиќ, музичар: Уметноста е жртва

Мугер Фугер е македонски инди-рок бенд формиран во 2004 година. Името на бендот произлегува од аналогните педали „Мooger fooger“. Препознатливи се по испреплетувањето на повеќе жанрови и влијанија од неопсиходеличната музика, пост панкот, алтернативната музика, фанкот и рапот. Тие се бенд кој успева да направи симбиоза на она што навидум е неспоиво, преку соработка реализирана со силни индивидуалци. Пред нивниот настап на концертот на Караванот на слободата во Струмица на 11ти август,  со Сеад Хаџиќ – Сецко, идеен творец на бендот, зборуваме за уметноста и слободата. Continue reading