Самоил Стојановски, актер: Сами си ја ограничуваме слободата!

Самоил Стојановски е роден 1970 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности – Скопје во класата на проф. Владимир Милчин. На театарската сцена опстојува повеќе од три децении и има огромно сценско искуство со оглед на фактот дека е дете на даските што живот значат. Настапувал на многу домашни и меѓународни фестивали како „Стеријино позорје“ – Нови Сад, „МЕСС“ – Сараево, „Гавелини вечери“ – Загреб, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп… Се јавува како организатор во проектите „Крајот на играта MMI“ (2001) и „Подзатворена врата“ (2003), како асистент на проектите „Подзатворена врата“, „Филип Втори“ (2007) и „Децата на сонцето“ (2009).  На Караванот на слободата на 5 ти август во Велес ќе настапи со монологот на Робеспјер од драмата „Смртта на Дантон“ на Георг Бихнер, изведуван за време на студентските протести во Белград во 1968 година. Continue reading