Шутка Рома Рап со маестрален финиш на Караванот на слободата

За одличниот финиш на серијата големи мултимедијални настани со скопскиот концерт на Караванот на слободата, заслужни се уникатните Шутка Рома Рап, на чии стихови и ритам никој не може да остане рамнодушен. Нивниот едночасовен перформанс на крајот на неколкучасовниот концерт на Јадран сквер донесе многу музичка виртуозност, забава, хумор, што повторно ја разигра и развесели присутната публика. Во продолжение е видео записот од нивниот феноменален настап.

Концертот во Скопје беше последниот од низата концерти, кои Караванот на слободата ги одржа изминатиов период. Овој мултимедијален настан, на кој настапија повеќе бендови, поети и визуелни уметници, беше многу повеќе од обичен концерт, прераснувајќи во слободарски маратон на уметноста, за кој уште долго ќе се зборува.

Во периодот од 5 август 2016та наваму, Караванот посети повеќе од 40 општини и организираше 7 големи мултимедијални настани во земјата. Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди свеста кај граѓаните за учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.

Жесток финиш на Караванот на слободата во Скопје

Post Image

Спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во сабота, 1 октомври, на Јадран Сквер со концерт на Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова.  Continue reading

Караванот на слободата ги размрда и кавадарчани

Post Image

Караванот на слободата го одржа третиот голем мултимедијален настан во Кавадарци на 19 август. Тричасовниот концерт го отворија ПМГ Колектив, а по нив  настапија домаќините Смоук шејкерс, по што следуваа настапите на виртуозите од Шутка рома рап, а концертот заврши со акустичен настап на Бени и Нон Стоп. Continue reading

Шутка рома рап: Слободата не познава граници!

Шутка рома рап – бенд кој е многу попознат за фестивалските сцени и публиката надвор од земјава, отколку во сопствената татковина. Слично на англиските Asian Dub Foundation, бендот е настанат како резултат на проект на граѓанска организација, по што продолжува успешно да се развива и со својата музика да ја плени публиката ширум Европа. Како дел од програмата на Караванот на слободата, кој го организира ЦИВИЛ – Центар за слобода,  ќе настапат во три градови во земјата: во Прилеп на 19 август, во Куманово на 2 септември и во Скопје на еден од трите големи концерти на Караванот на крајот на септември 2016.  Continue reading