„Јас сум Григор Прличе“ на Агрон Биба повторно во Скопје

Post Image

Утревечер (сабота, 27 мај) во Клубот на новинарите во Скопје, со почеток во 19 часот, актерот и режисер Агрон Биба ќе ја одигра монодрамата „Јас сум Григор Прличе“. Монодрамата е напишана од самиот актер, охриѓанец, кој преку ликот на Григор Прличев ги портретира неговите лични доживувања и моменти на интроспекција, во време кога поминува низ тежок период во животот, соочувајќи се со невработеност и борба за опстанок. Continue reading

Урбан фест: Живи статуи, музика и улична уметност идниот викенд во Скопје

Post Image

На 28 и 29 април (петок и сабота) во Скопје за првпат ќе се одржи несекојдневен фестивалски спектакл на живи статуи – „Урбан Фест“. Фестивалот е под покровителство на Општина Центар, а во организација на „Театроск“ – продукција за улична уметност од Скопје. Continue reading

Дебата: Македонија е заробена држава!

Post Image

Страв, закани, уцени и купување гласови се дел од секое предизборие во Македонија. Но, откако за време на актуелната власт, сите институции се ставени во функција на двете владеачки партии, Македонија стана заробена држава…, се дел од заклучоците од дебатата на тема „Предизвиците во изборниот процес во Република Македонија“, која вчера ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, во рамки на проектот Караван на слободата. Continue reading

Дебата: Жените треба да бидат повеќе од квоти и сервис на партиите!

Post Image

„Само со активна соработка меѓу граѓанскиот сектор и политичарките, може да се направи подобрување на ситуацијата со жените во политиката… Живееме во патријархално општество и тоа мора да си го признаеме, ако сакаме да ги промениме работите на подобро… Квотите се потребни, иако може на нив да се гледа и како на нужно зло, но поголемата вклученост на жените во политиката не е цел сама за себе…“ Ова се дел од пораките кои ги испратија учесничките на дебатата „Жените во политиката“, која како дел од Караванот на слободата, ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода. Continue reading

Арифи: Евроатлантската агенда ги зголемува шансите на жените!

За дебатата „Жените во политиката“, дел од активностите на Караванот на слободата, кој во изминативе три месеци организираше повеќе видови активности во над 40 општини низ целата земја, ЦИВИЛ Медиа направи видео-интервјуа со истоветни прашања со политичарките Теута Арифи (ДУИ), Радмила Шекеринска (СДСМ), Лилјана Поповска (ДОМ) и Влера Ејупи (ДРДПА).  Continue reading

Градоначалниците имаат ограничена слобода

Градоначалниците во Македонија дејствуваат во рамките на своите надлежности, но сé зависи од личноста на градоначалникот, неговото искуство и подготвеност да работи во интерес на граѓаните. Немаат доволно слобода да реализираат локални политики, и мора да ги следат насоките од централната власт. Најголем дел од работењето на градоначалникот и на локалната самоуправа зависи од тоа колку тој е отпорен на партиските притисоци и да спроведува активности во интерес на граѓан(к)ите. Continue reading

Димитровски: Ги поттикнуваме заложбите за почитување на слободата и на граѓанските права

За дебатата „Градоначалниците и слободата“, дел од активностите на Караванот на слободата, кој во изминативе три месеци организираше повеќе видови активности во над 40 општини низ целата земја, ЦИВИЛ Медиа направи видео-интервјуа со исти прашања со градоначалниците Ратко Димитровски (Кочани), Изет Меџити (Чаир), Илчо Захариев (Штип) и Андреј Жерновски (Центар).

Continue reading

Захариев: Никој од централната власт не ми диригира што да работам!

За дебатата „Градоначалниците и слободата“, дел од активностите на Караванот на слободата, кој во изминативе три месеци организираше повеќе видови активности во над 40 општини низ целата земја, ЦИВИЛ Медиа направи видео-интервјуа со исти прашања со градоначалниците Илчо Захариев (Штип), Ратко Димитровски (Кочани), Изет Меџити (Чаир) и Андреј Жерновски (Центар).

Continue reading