Заложби за културна ренесанса, со рок против турбо-фолк!

Post Image

Rock’n’Roll-от како soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија е темата на денешната трибина што ќе се одржи во џебното кино на Младинскиот културен центар, со почеток од 17 часот. Организатор на настанот е Центар за архивирање на македонската музика. Continue reading

Кристина Арнаудова, музичарка: Секој има право на свој став!

Кристина Арнаудова е поп-пејачка и авторка, која е присутна на големите концертни и фестивалски сцени во земјава речиси две децении. Се опишува себе си како перфекционист, дисциплиниран работник и човек со принципи, од кои тешко отстапува. Таа е уметница, која е свесна за својата улога во општеството како јавна личност и токму од тие причини инсистира јавно да ги сподели своите ставови, особено нагласувајќи ги нештата со кои не се согласува.

По повод нејзиниот настап на Караванот на слободата на завршниот концерт во Скопје, на 1 октомври, со неа зборуваме за уметноста, слободата и влијанието на уметниците во општеството. Continue reading

Караванот на слободата со голем концерт во Штип

Post Image

Шестиот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи овој петок, на 23 септември, во Штип. Освен концерт на Тони Зен, „Стринг форсис“ и „Бла бла бла…“, настанот ќе донесе и поетски читања, интересна дебата, практична уметничка работилница на отворено, инфо штандови, дџ-сетови и видео проекции.  Continue reading

Уметниците порачуваат: можеме да ја смениме реалноста!

Уметниците, кои учествуваа на петиот мултимедијален настан во Куманово, ја пренесоа својата позитивна енергија и слободарски дух во разговорите кои ги направивме пред и за време на концертот.

Со нив зборувавме за тоа што претставува слободата, колку уметниците во Македонија се општествено активни и одговорни, колку треба да жртвуваат за слободата и кои се нивните пораки за КараванотContinue reading