Поддржувачите на Караванот на слободата со пораки за слободата

На промоцијата на проектот Караван на слободата, кој го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од УСАИД, присуствуваа голем број уметници – музичари, поети, сликари… Дел од нив, во кратки видео изјави потенцираа што за нив претставува слободата.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста и културата да ја разбуди граѓанската свест и да го мотивира и мобилизира граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво.