Промовиран Караванот на слободата во Тетово

Денес со почеток во 12 часот на плоштадот во Тетово, пред локалните, регионалните и националните медуми, ЦИВИЛ го промовираше новиот проект Караван на слободата, поддржан од УСАИД.

Во присуство на медиуми, музичари. претставници на граѓански организации и слобдни граѓанки и граѓани, Петрит Сарачини, програмски координатор на ЦИВИЛ, го промовираше  Караванот на слобoдата и ги запозна со деталната програма за активностите во наредните три месеци, но и за мултимедијалниот настан на 26 август во Тетово. Присутните имаа можност да учествуваат во фото-петицијата за поддршка на Караванот.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да се разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво.