Скопска промоција на Караванот на слободата

Започна промоцијата на проектот „Караван на слободата“, поддржан од УСАИД, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во „Менада“ во Скопје.

Караванот на слободата предвидува концерти, работилници, дебати и различни мултимедијални активности кои ќе бидат организирани во десетина градови низ Македонија, во наредните три месеци..

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста и културата да ја разбуди граѓанската свест и да го мотивира и мобилизира граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.