Бесплатен превоз за настанот на Караванот на слободата во Струмица

Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Валандово, Богданци и Гевгелија за големиот мултимедијален настан во Струмица на 11 август, можат да се пријават на 02/5209176 или на [email protected].

Автобусот во Гевгелија ќе ги чека посетителите од 16:45 кај паркингот Солун 53, а оттаму поаѓа во 17:10 часот.  Во Богданци автобусот ќе ги чека заинтересираните од 17:30 до 18 часот кај автобуската станица, додека во Валандово од 18:30 до 19 часот пред Сани маркет. Посетителите ќе пристигнат во Струмица нешто пред почетокот на концертот во 20 часот, а ќе бидат вратени во своите градови веднаш по неговото завршување во 23 часот.

Leaflet Strumica 02a
Граѓаните на овие општини можат да се пријават за да го искористат бесплатниот превоз на 02/5209176 или на [email protected], или на штандовите на Караванот на слободата, кои денес (среда 10 август) ќе бидат поставени во Валандово и Богданци од 14 до 16 часот, како и во Гевгелија на градскиот плоштад од 17 до 20 часот.

Во склоп на програмата на големиот мултимедијален настан во Струмица ќе се ќе се одржи дебата со поетот и новинар Ѓоко Калајџиев,  активистката Ленче Христова и професорката Мирјана Најчевска, поетски читања на кои ќе учествуваат поетите Ѓоко Калајџиев, Митко Гогов и Наташа Василеска – Трајческа, уметнички работилници и изложбата „Слобода во боја“ на Митко Тошев, Калиопи Босиљанова и Ана Божијанова.  За добра забава и музика на слободата ќе се погрижат бендовите Мугер Фугер (Mooger Fooger), Сетстет (Sethstat), Уајп аут (Wipe out) и ди-џејот Тед Детман (DЈ Ted Dettman).