Караванот на слободата неделава во Кумановско

Post Image

Во четврток, на 1 септември 2016, Караванот на слободата ќе допатува во Куманово, Липково, Кратово и Крива Паланка. Во 12 часот на плоштадот во Куманово, тимот на организаторот ЦИВИЛ ќе одржи прес-конференција, на која ќе ја презентира програмата на големиот мултимедијален настан во Куманово и на претстојните активности на Караванот во овој регион во текот на денот. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка, каде активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот.
Подоцна во текот на денот и вечерта во Крива Паланка ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.

Од соседните општини ќе биде обезбеден бесплатен превоз за големиот мултимедијален настан во Куманово, кој се одржува ден потоа, во петок,  на 2 септември. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, кој ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво. Досега, Караванот организираше 4 големи мултимедијални настани во Тетово, Кавадарци, Струмица и Велес, но посети и над 20 поголеми и помали општини низ целата земја. По активностите во Кумановско, следниот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во Штип на 16 септември.