Караванот на слободата со втор голем концерт и настан во Струмица

Post Image

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – центар за слобода и УСАИД продолжува со серијата големи концерти и мултимедијални настани. Мугер Фугер (Mooger Fooger) , Сетстет (Sethstat), Уајп аут (Whipe Out) и ДЈ Тед Детман (DJ Ted Dettman) се дел од артистите, кои ќе настапат на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Струмица, закажан за четврток, 11 август, кај Споменикот на револуцијата во Градскиот парк во Струмица.

 

 

Leaflet Strumica 02aНастанот почнува напладне, кога ќе бидат поставени инфо – штандови на Караванот и други граѓански иницијативи, а публиката ќе има можност да се забавува на ди џеј сетовите на CIVIL Art Freedom Crew.

Od 18:30 до 20:00 часот ќе се одржи дебата на тема „Македонија, со или без слобода“, на која ќе говорат поетот и новинар Ѓоко Калајџиев,  активистката Ленче Христова и професорката Мирјана Најчевска, а дебатата ќе ја модерира новинарот и уредник на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ.

Во склоп на програмата ќе се одржат и поетски читања на кои ќе учествуваат поетите Ѓоко Калајџиев, Митко Гогов и Наташа Василеска – Трајческа, уметнички работилници и изложба Слобода во боја на Митко Тошев, Калиопи Босиљанова и Ана Божијанова.  За добра забава и музика на слободата ќе се погрижат Мугер Фугер, SETHSTAT, Wipe out и Dj Ted Dettman

Ден претходно, на 10 август, Караванот на слободата ќе гостува во општините Богданци, Валандово и Гевгелија каде ќе се одржат помали мултимедијални настани и средби со граѓаните и ќе се организира превоз за концертот во Струмица следниот ден.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста и културата да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процестот на донесување одлуки на локално и национално ниво.