Концерт на Бени и Нон Стоп: Ако имаме слобода, имаме сé

Бени и Нон Стоп, настапија на Караванот на слободата на 5 август во Велес. Околу час и половина ги забавува велешани со своите хитови меѓу кои и најновата песна „Нема правда, нема мир“. 

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, динамичен мултимедијален проект организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од УСАИД, кој ја користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свест и граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.