Лазар Ставров: Слободата на интелектот не може да ви ја одземе никој!

На мултимедијаниот настан „Музика за слободата“ во Велес , како дел од Караванот на слободата, Лазар Ставров од бендот Д’ Гандис, покрај изборот од ангажирани песни за слободата од светски познати музичари, се претстави и со авторски песни, меѓу кои се најде и последниот сингл “Шарен крај“ инспириран од неодамнешната Шарена револуција.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, динамичен мултимедијален проект организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од УСАИД, кој ја користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свест и граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.