Ле Ман: Со кренати раце за слободна Македонија

Пред домашната публика, велешаните „Ле ман“, во духот на слободата одржаа едночасовен концерт како дел од мултимедијаниот настан „Музика во боја“на Караванот на слободата во Велес, август 2016.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, динамичен мултимедијален проект организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржан од УСАИД, кој ја користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свест и граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.