Караванот на слободата се приклучува кон акциите за помош за настраданите од поплавите

Post Image

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучува кон акциите за помош на настраданите од поплавите во земјата. На сите инфо-штандови кои во наредните два дена, 10 и 11 август, ќе ги посетат општините Струмица, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија, ќе бидат поставени и кутии за донации, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена.

Freedom Caravan T-Shirt

Хуманитарната помош, при секое враќање на тимовите на Караванот на слободата во Скопје, ќе биде доставена до активистите кои ќе ја дистрибуираат директно до домовите на засегнатите семејства. Упатуваме апел до сите хумани граѓанки и граѓани од општините кои ќе ги посети ЦИВИЛ да нѐ посетат на штандовите на кои ќе се собира помошта.

Покрај тоа, хуманитарна помош за настраданите ќе се собира и на главниот мултимедијален хепенинг во Струмица, на 11 август (четврток), со почеток во 20 часот.

Акцијата на Караванот на слободата за помош на настраданите ќе продолжи и во другите општини кои се наоѓаат на рутата на уметниците: Кривогаштани, Долнени, Крушево (18 август), Прилеп (19 август), Боговиње, Гостивар, Врапчиште (25 август), Тетово (26 август), Кратово, Липково, Крива Паланка (1 септември), Куманово (2 септември), Чешиново, Карбинци, Кочани (15 септември), Штип (16 септември), Скопје (29, 30 септември и 1 октомври).

Се замолуваат хуманите граѓанки и граѓани да донираат помош само во конзервирана храна, хигиенски средства, гумени чизми, облека и обувки соодветни на овие услови, како и парични донации. Лекови, вода и свежа храна не може да се прифатат од разбирливи причини.