Продолжува хуманитарната акција на Караванот на слободата

Post Image

Караванот на слободата на ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со акциите за помош на настраданите од поплавите во скопско. На сите инфо-штандови кои во наредните два дена, 18-ти и 19-ти август, ќе ги посетат општините Демир Капија, Неготино, Долнени, Кривогаштани, Прилеп, Битола и Кавадарци, ќе бидат поставени и кутии за донации, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и конзервирана храна и средства за хигиена.

Хуманитарната помош донирана на минатонеделниот хепенинг во Струмица е веќе доставена до активистите кои ја дистрибуираат директно до домовите на засегнатите семејства. Упатуваме апел до сите хумани граѓанки и граѓани од општините кои ќе ги посети ЦИВИЛ, да нѐ посетат на штандовите на кои ќе се собира помошта.