Сеад Хаџиќ, музичар: Уметноста е жртва

Мугер Фугер е македонски инди-рок бенд формиран во 2004 година. Името на бендот произлегува од аналогните педали „Мooger fooger“. Препознатливи се по испреплетувањето на повеќе жанрови и влијанија од неопсиходеличната музика, пост панкот, алтернативната музика, фанкот и рапот. Тие се бенд кој успева да направи симбиоза на она што навидум е неспоиво, преку соработка реализирана со силни индивидуалци. Пред нивниот настап на концертот на Караванот на слободата во Струмица на 11ти август,  со Сеад Хаџиќ – Сецко, идеен творец на бендот, зборуваме за уметноста и слободата.

ЦИВИЛ Медиа: Што претставува за вас слободата?

Сеад Хаџиќ: Секој од нас артистите треба да знае дека слободата е се! За секој оној кој одбрал да се бави со уметност и да го работи она што лично го засега и сака, да ги изразува своите ставови, без да биде субвенциониран за тоа.

ЦИВИЛ Медиа: Колку уметникот треба да се жртвува за слободата?

Сеад Хаџиќ: Уметноста е жртва. Уметниците кои патувале во Париз велеле, ако веќе мора да гладувам, тоа нека биде онаму каде луѓето се насмеани!

ЦИВИЛ Медиа: На 11ти август ќе настапите на концертот на Караванот на слободата во Струмица…

Сеад Хаџиќ: Драго ни е што ќе настапиме во склоп на ЦИВИЛ и Караванот на слободата.

ЦИВИЛ Медиа: Колку уметниците во Македонија се општествено и социјално ангажирани?

Сеад Хаџиќ: Кај нас уметниците се сведени на ниво да преживуваат, а тие што сакаат да живеат малку подобро од другите мора да бидат под контрола на власта. Тоа за жал го гледаме насекаде околу нас. Нема уметност во тоа.

Во продолжение следува целосното интервју.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.