Топол дочек на Караванот на слободата во Гостивар

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во четвртокот на Градскиот плоштад во Гостивар организираше тричасовна програма со која го претстави Караванот на слободата и своите идеи за слободата и демократијата. Екипите на ЦИВИЛ заедно со активистите од Тетово, споделија музика, џинглови со пропагандни пораки и флаери со стотици граѓанки и граѓани на Гостивар.

14100338_1811820465699967_6407655880965182360_n

14089238_1811820222366658_1639706269123719476_n

Во непосредните разговори со граѓанките и граѓаните, активистите беа информирани за ставовите на посетителите на настанот, кои споделуваа информации и размислувања за состојбите во градот и во целата земја.