Голем мултимедијален хепенинг во Струмица

Post Image

Караванот на слободата го одржа вториот голем мултимедијален хепенинг во Струмица на 11 август. На три иполчасовниот концерт настапија бендовите Mooger Fooger, Sethstat и Wipe Out кои, преку музиката, испратија гласни пораки за слобода. На големата сцена настапија и поети, а во текот на вечерта се одржаа ликовна работилница и изложба под заеднички наслов „Слобода во боја“.

Караванот на слободата се приклучи кон хуманитарната акција за помош на настраданите од неодамнешната #поплава. Хуманитарниот штанд беше поставен на централно место, пред големата сцена.

На дебатата „Македонија, со или без слобода“ учествуваа експертката за човекови права проф. Мирјана Најческа, новинарот и поет Ѓорѓи Калајџиев и активистката Ленче Христова. Дебатата ја водеше уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ. Дебатата се одржа во домот на АРМ на која присуствуваа над 40 претставници на граѓанското општество, медиумите, локалните власти и заинтересирани граѓанки и граѓани. По излагањата на учесниците на дебатата, се разви динамична дискусија за состојбите со човековите права и слободи во земјата.

14021616_1806779859537361_4122522881873725707_n

Од Домот на АРМ, активностите се префрлија на големата сцена во Градскиот парк, каде се обрати Џабир Дерала, кој ги повика присутните да им оддадат почит на настраданите од поплавените подрачја.

13895025_1806779909537356_8341041125239092658_n

Со поетски перформанси настапија Ѓорѓи Калајџиев, Митко Гогов и Наташа Василевска Трајческа.

IMG_3691

Во текот на целиот хепенинг активна беше и ликовната работилница на академскиот сликар Мирослав Стојановиќ, на кој учествуваа и посетителите.

 

13932942_1806780696203944_2981840272974398378_n

13920999_1806781469537200_2707558362739285274_n (1)

Концертот во Струмица беше втор од деветте големи мултимедијални настани кои Караванот на слободата ќе ги одржи до крајот на септември, во седум големи градови во земјата. Целта на Караванот е преку влијанието на уметноста да се разбуди граѓанската свест и да се поттикне граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.