Бесплатен превоз за настанот на Караванот на слободата во Штип

Post Image

Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Кочани, Чешиново, Облешево и Карбинци за големиот мултимедијален настан во Штип на 23 септември (петок), можат да се пријават на 02/5209176 и 075/389-698.

Автобусот во Кочани ќе ги чека посетителите од 17:00 кај трговскиот центар во Кочани, а оттаму поаѓа во 17:15 часот.  Попатно ќе ги преземе патниците од соседните општини Чешиново, Облешево и Карбинци. Посетителите ќе пристигнат во Штип нешто пред почетокот на дебатата во 18:30, а ќе бидат вратени во своите градови веднаш по неговото завршување во 23 часот.

14305193_1822357517979595_2806305319108894683_o
Граѓаните на овие општини можат да се пријават за да го искористат бесплатниот превоз на 02/5209176 и 075/389-698, или на штандовите на Караванот на слободата, кои денес (четврток 22 септември) ќе бидат поставени во Кочани од 17 до 20 часот.

Шестиот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи овој петок, на 23 септември, во Штип. Освен концерт на Тони Зен, „Стринг форсис“ и „Бла бла бла…“, настанот ќе донесе и поетски читања, интересна дебата, практична уметничка работилница на отворено, инфо штандови, ди-џеј сетови и видео проекции.

Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, до сега одржа пет големи мултимедјални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово и Куманово и посети над 30 општини низ земјата, нудејќи повеќе видови музички и уметнички настани, како и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.