Караванот на слободата со благодарност до градоначалниците – домаќини

Post Image

Музичарите, уметниците и интелектуалците на Караванот на слободата со своите пораки за човековите права и слободи допреа до илјадници граѓанки и граѓани на своето патешествие низ Република Македонија.

Активностите на Караванот започнаа со гостувањата на фестивалите Д-Фест во Дојран, ДримОн во Струмица и АКТО во Битола, а самиот Караван на слободата ја промовираше својата програма и пораките на 21 јули.

14115065_1812744548940892_2052642895754354705_o

На својата рута, Караванот на слободата наиде на одлична соработка со своите домаќини, градоначалниците, нивните тимови и општинските совети. Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода им се заблагодарува на  градоначалниците Славчо Чадиев на Велес, Зоран Заев на Струмица, Александар Панов на Кавадарци, Теута Арифи на Тетово и Зоран Дамјановски на Куманово.

Понатаму, во подготовките на изданието на Караванот на слободата во Штип кое ќе се одржи идниот петок на 23 септември, ЦИВИЛ наиде на одлична соработка со градоначалникот Илчо Захариев.

Градоначалниците на општините – домаќини на Караванот на слободата ја понудија својата поддршка на повеќе начини, од брзи и позитивни административни одобренија, до бесплатно користење на простор и електрична енергија потребна за одржување на големите мултимедијални настани во овие општини.

IMG_0108 (2)

 

Караванот на слободата одржа повеќе помали, но не помалку значајни настани и во неколку други општини. ЦИВИЛ им заблагодарува на градоначалниците Арсенчо Алексовски на Крива Паланка и Невзат Бејта на Гостивар. За настанот во Битола, им благодариме на колешките и колегите од организацијата „За нас се работи“ кои помогнаа и учествуваа во самата програма во овој град.

Пред Караванот, освен во Штип, идната седмица претстои и помал настан во Кочани, со чиј градоначалник, Ратко Димитровски, ЦИВИЛ има добра комуникација.

Караванот на слободата засилено се подготвува за големото финале во Скопје и деновиве ќе ја започне својата комуникација со општините Центар, Чаир, Карпош, Аеродром, како и со администрацијата на град Скопје. Во ЦИВИЛ не постои сомнеж дека соработката и со овие општини ќе биде одлична.