ВИДЕО: Концертот на Караванот на слободата во Куманово достапен на Јутјуб

Концертот на Караванот на слободата во Куманово, кој се одржа на 2 септември, донесе одлични настапи на повеќе музички групи и атрактивни видео записи. Тие се достапни на YouTube каналот на ЦИВИЛ – Центар за слобода

fcp concert KU4
Пеце Суперхикс (акустична сесија)

Ги објавуваме настапите на Тони Зен, Шутка Рома Рап, Пеце Суперхикс и Бла Бла Бла… , со цел да им овозможиме на сите љубители на добрата музика да ја почувствуваат извонредната атмосфера од музичкиот дел на мултимедијалниот настан на Караванот на слободата во Куманово.

ЦИВИЛ ќе ги објави видео записите од сите концерти, поетски перформанси, работилници и дебати на Караванот на слободата, кој од почетокот на август до крајот на септември годинава ја крстосува Македонија, промовирајќи ги човековите права и слободи и активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.