Промовотивна тура на Караванот на слободата по скопските општини

Post Image

Со мегафони и музика и со делење на информативни материјали, активистите на ЦИВИЛ -Центар за слобода ги информираа скопјани за спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата што ќе се одржи во сабота, на 1-ви октомври во Скопје.

14449044_1067633296688472_2579947110481893633_n

Една екипа, со возило на Караванот на слободата возеше низ општините Карпош, Аеродром и Чаир, каде што преку мегафон ги информираа граѓаните и со избор на музика , ги повикуваа на големиот настан што ќе се одржи во сабота на Сквер Јадран.

Друга екипа на ЦИВИЛ низ центарот на Скопје делеше информативен материјал и организираше видео и фото – петиција за поддршка на Караванот.

Караванот на слободата досега одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип.

Концертот во Скопје е завршниот настан на овој проект, поддржан од УСАИД.