Скопје во ритамот на слободата

Караванот на слободата овие неколку дена ќе организира серија настани кои започнуваат од денес (среда, 28 септември), во 12 часот, со флеш – моб перформанс посветен на слободата во центарот на градот. Потоа, во 16 часот во паркот во Чаир,  активистите на ЦИВИЛ ќе ја презентираат програмата за претстојните настани, ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите на Караванот, а настанот ќе вклучува и музички и поетски перформанси. 

Настаните ќе продолжат  во четврток, 29 септември, на платото пред Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје (поранешна стоковна куќа „Мост“) со почеток во 12 часот, пред ТЦ Бисер во населбата Аеродром, со почеток во 16 часот, како и во ТЦ Лептокарија од 19 часот.

Ден пред големиот концерт, на 30 септември (петок) од 12 до 21 часот, ваков мултимедијален настан со повеќе уметнички содржини ќе се одржи и на платото пред спомен – куќата на Мајка Тереза на улица Македонија.

Од 6 поголеми градови во Македонија ќе биде обезбеден бесплатен превоз за финалниот мултимедијален настан и концерт во Скопје, кој ќе се одржи во сабота, 1 октомври 2016, на скверот „Јадран“. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности, кои опфаќаат различни општествени прашања.