Жешка атмосфера на Караванот на слободата во Штип

Post Image

Позитивна енергија, жешка атмосфера и разиграни штипјани е епилогот од синоќешниот концерт во Штип. Студеното време не претставуваше пречка за многубројната публика, на плоштадот во Штип, да ужива во шестиот мултимедијален настан на Караванот на слободата. Одличните настапи на „Бла Бла Бла…“, „Стринг Форсис“ и Тони Зен ги разиграа штипјани и предизвикаа громогласни аплаузи. 

14409679_1826436060905074_594704087884333795_o
„Бла Бла Бла…“

 

Концертот го започнаа „Бла Бла Бла…“ кои со својот препознатлив мелос ја загреаа атмосферата и ја размрдаа штипската публика.

14468644_1826436944238319_5112523322867773885_o
„Стринг Форсис“

По нив следуваше енергичниот настап на езотеричните „Стринг Форсис“, за кои штипската публика и Штип се еден од омилените градови за настап. Пред штипјани настапија со дел од последниот албум, а нивните фанови има можност да ги слушнат во живо и нивните големи хитови „Води ме“ и „Саб“, со кои предизвикаа овации и громогласни аплаузи.

14379993_1826437910904889_6098301227455979724_o
Тони Зен

Жешката атмосфера кулминираше со појавувањето на Тони Зен на сцената. Стотици млади, во еден глас, со кренати раце ги пееја песните со својот омилен рапер.

14379984_1826435517571795_989061820353629060_o
Елена Пренџова

Слободарскиот дух и енергија се чувствуваше на секој чекор, насмеани и позитивни лица со воодушевување ги проследија поетските перформанси на Елена Пренџова и Џабир Дерала.

14425361_1826437287571618_1100821782994745969_o
Џабир Дерала

Настанот во Штип е шестиот од низата големи мултимедијални настани и десетици помали настани на Караванот низ земјата. Во наредната недела следуваат повеќе помали мултимедијални настани низ повеќе скопски општини и големиот завршен концерт кој ќе се одржи на 1 октомври во Скопје.

Текст: Маја Ивановска
Фото: Биљана Јордановска